Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ова лето направи трансфер во Реал Мадрид, но тука започнаа и првите проблеми во неговата кариера.
Неговиот потенцијал не е спорен, но многумина сметаат дека клуб како Реал за него со само 21 година е преголем залак. Дека избрза зборува минутажата. Во Реал не игра многу, на некои натпревари не добива ниту минута на теренот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Таквата ситуација во јануарскиот преоден рок би можел да ја искористи Вест Хем.
„Чеканите“ во јануари сакаат да го доведат Јовиќ на позајмица, а дали ќе успеат останува да видиме.
Поради неиграњето во Реал Јовиќ беше изоставен и од националната селекција и сигурно дека нешто мора брзо да промени.
Во Вест Хем Јовиќ би играл заедно со поранешниот соиграч од Франкфурт, Себастијан Хелер и тоа сигурно добро би му дошло.
Халер во текот на летото исто така го напушти Франкфурт и потпиша за Вест Хем каде што постигна четири гола на седум натпревари.