Дома Трансфер зона Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата.

Бројни англиски и европски извори, меѓу кои и Фабрицио Романо, тврдат дека Пакета има клаузула во висина од 100 милиони евра од летото 2024 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно се уште е голема желба на Пеп Гвардиола, но Манчестер Сити го чека расплетот од обвинувањата за наводно учество во нелегално обложување. Доколку ФА потврди дека Пакета не направил ништо сомнително, би можел да направи трансфер на „Етихад“.

Сепак, се споменува и Арсенал, но и други клубови кои го следат развојот на ситуацијата.

Пакета пристигна во Вест Хем од Лион во летото 2022 година за 43 милиони евра, а претходно две сезони играше за Милан кој го продаде на Французите за 23 милиони.

Јасно е дека Вест Хем би можел да заработи повеќе од двојно доколку некој ја активира неговата клаузула. Англиските медиуми истакнуваат дека желбата на Пакета е да соработува со Пеп Гвардиола и дека личните услови со Сити нема да бидат проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тотенхем пронајде решение за нападот, но ќе треба да плати 100 милиони евра?

По суспензијата на ФА поради обложување на Aјван Тони не му беше лесно да се врати во натп…