Ромелу Лукаку е главна трансфер цел на милански Интер и Белгиецот веќе има договор со „нероаѕурите“.
Меѓутоа, до овој момент ниту една понуда од „нероаѕурите“ не ги задоволи апетитите на Манчестер Јунајтед, па поради тоа Лукаку ќе замине на подготвителна турнеја со „црвените ѓаволи“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти напаѓачот, но само за цена од 75 милиони фунти, сума која Интер не е спремен да ја плати во моментов. Послендната понуда од Интер беше позајмица на две години за 10 милиони евра, со задолжутелен откуп во 2021 година за додатни 60 милиони евра.
Пасивноста на Интер го натера агентот јавно да го повика италијанскиот клуб да започне сериозни преговори, но до овој момент Интер не е спремен да испрати подобрена понуда.
https://youtu.be/wpTir5SpAOk