Дома Фудбал Англија Лукаку проговори за ситуацијата во Јунајтед: Ние тројца секогаш бевме виновни!

Лукаку проговори за ситуацијата во Јунајтед: Ние тројца секогаш бевме виновни!

Ромелу Лукаку ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во милански Интер.

Една од причините поради која го напуштил „Олд Трафорд“ е тоа што поранешниот клуб не се однесувал со него како што треба, односно не го заштитувал од нападите во медиумите и навивачите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лукаку ја отвори душата и јавно проговори за ситуацијата во која се наоѓал.

„Некој мораше да биде виновен. Проблемот е тоа што секогаш бевме виновни јас, Санчез и Погба. Секогаш ние тројца, па нормално ли е тоа? Ние не игравме лошо, но нас не критикувавте. Тоа не ми се допадна на крајот и решив да заминам“, порача Лукаку.

„Искрено очекував да излезе некој од управата и да даде било каква изјава, но сите молчеа. Можеше со една изјава да се смири ситуацијата, но се молчеше, по што уште повеќе се зема замав со гласините дека моето место не е во Јунајтед. Не е лесно да си дел од овој клуб, ако сте дежурен виновник за слабите резултати“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…