Дома Топ вести Лукаку прифаќа драстично помала плата само да се врати во Интер

Лукаку прифаќа драстично помала плата само да се врати во Интер

Ромелу Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, после две одлични сезони во Интер.

Меѓутоа, Лукаку оваа сезона е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А, го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, па сака да ја искористи моменталната тешка ситуација на Челзи за да се врати во Милано.

Доколку британската влада му дозволи на Челзи да продолжи да функционира, Лукаку ќе побара трансфер во Милано, а Интер и Челзи би се договориле за многу помала сума или позајмица.

Доколку, пак, британската влада не му дозволи да функционира на Челзи и тимот остане под рестрикциите поради руската инвазија во Украина, Лукаку преку судски спор ќе бара раскин на договорот.

Она што е сигурно, Лукаку се согласил на драстично намалување на платата само за да се врати во Интер, каде ги одигра најдобрите сезони во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…