Дома Фудбал Останато Лукаку го реши финалето, но трофејот заврши кај Севиља?

Лукаку го реши финалето, но трофејот заврши кај Севиља?

Севиља го освои трофејот во Лига Европа, откако во возбудливо финале го победи Интер со 3:2.

Уште во 3-та минута Лукаку како „брз воз“ го претрча Диего Карлос, кој го фаулираше во казнатиот простор, а судијата покажа на белата точка.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лукаку беше прецизен од белата точка, му донесе водство на Интер со својот 34 гол сезонава.

Меѓутоа, Севиља брзо се врати во игра и веќе во 12-та минута успеа да го израмни резултатот преку Де Јонг.

Во 34-та минута истиот играч погоди за комплетен пресврт на тимот од Андалузија откако со глава го матира Хандановиќ после еден центаршут од слободен удар.

Само една минута подоцна на идентинеч начин погоди Годин за 2:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме двете екипи го започнаа претпазливо, а првата голема шанса ја имаше Лукаку во 67-та минута кога излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да го матира.

Само неколку минути подоцна Белгиецот беше трагичар и си постигна автогол после ударот на Диего Карлос. Тоа се покажа како клучен момент на мечот, па трофејот заврши кај тимот од Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …