Дома Фудбал Италија Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Интер после продолженија ја елиминира Фиорентина во Купот на Италија и се пласираше во четвртфинале каде ќе игра со Милан.

Херој за „нероаѕурите“ беше Ромелу Лукаку, кој во 120-та минута го постигна победничкиот гол за Интер.

„Нероаѕурите“ подобро го отворија мечот и дојдоа во водство во првото полувреме откако беше досуден пенал над Санчез. Сигурен реализатор од белата точка беше Видал.

Второто полувреме и припадна на Фиорентина, која израмни преку Куаме и го однесе мечот во продолженија.

Фудбалерите на Интер промашија неколку чисти шанси, а кога се чинеше дека победникот ќе биде решен на пенали, Лукаку постигна гол после одличниот центаршут на Барела.

Во четвртфиналето ќе има миланско дерби, кое на програмата е на 27-ми јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куман: Титула? Да бидеме реални

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не изгледа оптимист кога е трката за титулата во Приме…