Дома Фудбал Англија Лукаку: Во Јунајтед за да испишам историја!

Лукаку: Во Јунајтед за да испишам историја!

Ромелу Лукаку е најголемото засилување за Манчестер Јунајтед ова лето, па од него се очекува многу оваа сезона.

„Не можам да кажам дека сум комплетен играч бидејќи имам уште многу да учам. Сепак, секојдневно се усовршувам за да бидам уште подобар“, изјави 24-годишниот напаѓач.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Трансферот на Лукаку во Манчестер Јунајтед ќе значи и повторна соработка со Жозе Мурињо, кој во 2014 година го предводеше Челзи и за 28 милиони фунти го продаде напаѓачот во Евертон.

Сега англиските медиуми го споредуваат Лукаку со Дрогба, кој имаше одлична соработка со „Специјалниот“.

„Јас сум Ромелу Лукаку и сакам да испишам сопствена приказна. Не можам да направам споредба меѓу нас двајцата. Дрогба е повеќе класичен центарфор, кој чека топка и слабо се движи. Од друга страна јас сакам да ја имам топката во нозе и доста трчам“, заклучу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дешамп не го повика Мбапе во репрезентацијата

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп, не го повика најдобриот играч Килиј…