Дома Фудбал Луис Енрике: Откако најавив дека заминувам, играчите летаат од среќа!

Луис Енрике: Откако најавив дека заминувам, играчите летаат од среќа!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике по натпреварот со Севиља беше исклучително расположен и среќен поради она што неговиот тим го прикажа на теренот.

„Првото полувреме беше како од соништата, сите играа неверојатно. Притисокот кој го правеа цело време беше спектакуларен. Искрено, ова беше еден од нивните најдобри настапи оваа сезона. Второто беше поинакво, како да гледавме друг натпревар. Меѓутоа, тоа е нормално, постојано се случува“, изјави Енрике.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Еден од новинарите го запраша Енрике дали приметува дека неговата екипа далеку подобро откако го најави своето заминување, па тој иронично одговори:

„Да, чувствуваат толкава среќа и олеснување што повеќе нема да ме гледаат, што просто летаат на теренот“, се пошегува Енрике и на крајот го пофали Суарез.

„За мене Луис е најдобрата деветка на светот. Не само поради начинот на кој со тело ја заштитува топката, туку и поради неговиот труд, жртвување, брзината и потенцијалот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик сака дисциплина, еден фудбалер на Барселона веќе бил казнет

Екипата на Барселона славеше победа од 3:0 во натпреварот против Алавес и така ја зголеми …