Дома Фудбал Италија „Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

„Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

Вчерашниот натпревар во Серија А помеѓу Монца и Јувентус имаше луда завршница во која Монца стигна до изедначување во 92. минута, но само две минути подоцна „старата дама“ со голот на Гати дојде до победа од 1:2.

Адриен Рабио одигра одличен натпревар бидејќи прво постигна гол за 1:0, а при вториот погодок беше асисент.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Фудбалерот на Монца Роберто Галјардини изреволтиран од некоја ситуација во текот на мечот откако Монца изедначи му смееше во лице на Рабио. Меѓутоа одговорот му стигна многу брзо на спротивната страна.

Рабио испрати порака и преку социјалните мрежи до Галјардини.

„Научи да останеш скромен затоаш то додек судијата не означи крај се е можно. Запомни го ова“, му порача Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов кикс на Баерн, само реми против Фрајбург

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и со тоа ја продлабочи криза…