Дома Останати Тенис Луд пресврт на Вимблдон: Губеше со 2:0 во сетови и 5:0 во клучниот сет – на крајот победи!

Луд пресврт на Вимблдон: Губеше со 2:0 во сетови и 5:0 во клучниот сет – на крајот победи!

Teнисерот Томаш Махач приреди неверојатен пресврт за пласман во второто коло на Вимблдон откако во меч во пет сета беше подобар од Давид Гофан со 3-2 (3-6, 3-6, 6-4, 6-1, 7-6).

Мечот траеше три часа и 21 минута, а се најде во центарот на вниманието поради пресвртот кој го режираше Махач.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Гофан ги доби првите два сета и поведе со 2:0. Но, Махач тогаш се разбуди и со 6:4 и 6:1 изрмани на 2:2.

Петиот сет Махач лошо го започна и губеше со 5:0, меѓутоа ниту тука не се откажа и успеа да дојде до тај-брејк кој го освои со 10:5 за победа од 3:2 во сетови.

Противник во второто коло на Махјач ќе му биде Роман Сејфулин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најзгодната тенисерка во светот оди во пензија на 31 година (Фото)

Канадската тенисерка Ежени Бушар објави дека ќе ја заврши својата кариера на 31 година. Со…