Дома Останати Тенис Луд меч во Токио: Чилиќ дојде до победа откако не искористи 10 меч топки!

Луд меч во Токио: Чилиќ дојде до победа откако не искористи 10 меч топки!

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ одигра луд меч на Олимпските игри во Токио. Чилиќ успеа да слави против Бразилецот Жоао Менeзес во три сета со 6:7, 7:5, 7:6.

Мечот се играше скоро три ипол часа, а Хрватот ја искористи 11-та меч топка. Бразилецот го освои првиот сет со 7:6 и во вториот беше на чекор од сензација. Имаше брејк предност и водство од 5:3, но Менезес тука застана, па Чилиќ ги доби наредните четири гема и го освои сетот со 7:5.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во третиот сет следуваше неверојатна драма. Чилиќ водеше со 5:0 и не успеа да искористи пет меч топки на сервис на противникот. И во наредниот гем Чилиќ пропушти две меч топки, така му дозволи на Бразилецот да дојде до шанса победа, но не ја искористи.

Сервираше Менезес за победа. Имаше една меч топка, Чилиќ ја спаси, го врати брејкот и победникот на третиот сет се решаваше во тај брејк.

Конечно после големата борба Хрватот ја искористи 11-тата меч топка. Го доби тај-брејкот со 9:7 и го освои сетот со 7:6 за конечни 2:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…