Дома Топ вести Лудница околу Нејмар – Барса и ПСЖ закажаа прес во исто време!

Лудница околу Нејмар – Барса и ПСЖ закажаа прес во исто време!

Евентуалниот трансфер на Нејмар во ПСЖ сеуште е главна тема во светските медиуми, а интересно е дека денес двата клуба закажаа пресконференција во исто време.

Прво изгледаше дека е се готово и дека само се чека денот кога ќе биде објавен трансферот, а потоа Пике објави дека Нејмар останува. Сепак, медиумите тврдат дека сеуште поголеми се шансита Бразилецот следната сезона да игра во Париз.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Таткото на Нејмар имаше состанок со раководството на Барселона, кој не помина добро, бидејќи Каталонците немаат намера да ја израмнат понудата на „светците“.

Таткото на Нејмар е тој кој што инсистира да се реализира трансферот бидејќи ќе добие голема провизија, меѓутоа фудбалерот бара гаранции. Не сака да се пресели во помалку атрактивен шампионат, а потоа ПСЖ да биде казнет поради Финансиски фер-плеј и да биде исфрлен од европските натпреварувања.

Денес двата клуба закажаа пресконференција во исто време, за Барса ќе зборува Пике, а францускиот клуб свика вонредна конференција за новинарите.

Останува да видиме што ќе биде соопштено!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул го најде наследникот на Салах

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, пренесуваа…