Одлуката за судбината на сезоната 2019/2020 во Премиер лигата ќе биде донесена утре.
Навивачите на Ливерпул разбирливо се чувствуваат загрижено пред состанокот на 20. клубови. На „црвените“ им се потребни уште само две победи за да ја освојат титулата во Премиер лигата, меѓутоа можно е сценарио во кое лигата ќе се поништи и нема да биде прогласен шампион.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во текот на состанокот ќе се разговара за тоа што после суспензијата до април. Не е реално да очекуваме дека ќе се игра фудбал, многумина првобитната одлука за суспензија ја гледаат како купување на време.
На „Reddit“ се појави тема на која навивачите на Ливерпул одговараат што би правеле ако сезоната биде поништена, односно нема шампион.
Ова се одговорите кои привлекоа најголемо внимание:
„Го кажав веќе тоа. Ако сезоната се поништи ќе станам монах и ќе го поминат остатокот од животот во изолација во храм на врвот на некоја планина“.
„Нема да гледам веќе фудбал. Ќе го поддржувам клубот, но се сомневам дека ќе дадам пари за спортски пакет“.
„Можеби нема гледам веќе фудбал, освен евенутално странските првенства, но и тоа е под знак прашалник. Веројатно само би ги следел резултатите поради обложувањето. Не би можел да прифатам да не бидеме шампиони сезонава, а потоа да го прифатам следниот победник под претпоставка дека тоа нема да бидеме ние“.
„Никогаш повеќе нема да гледам фудбал, ако ни упропастат се на ваков начин тогаш навистина сме проклети. Го поминав цел живот чекајќи титула, ова ќе биде мојот последен обид“.
Ќе потсетиме, Ливерпул на титулата шампион на Англија чека цели 30 години.