Дома Фудбал Италија Лудило во Италија: Битка до последен момент за секоја позиција, во Фиорентина се стартуваше со два црвени картони (ВИДЕО)

Лудило во Италија: Битка до последен момент за секоја позиција, во Фиорентина се стартуваше со два црвени картони (ВИДЕО)

Многу интересно беше вечерва ширум Италија каде се одигруваа натпреварите од 33. коло во Серија А. Се водеше, а и се уште ќе се води голема битка за Скудетото, Лигата на шампионите и опстанокот.

„Старата дама“ гостуваше кај Кротоне и сите очекуваа дека лесно ќе запишат нови три бода и ќе ја задржат предноста во однос на Наполи. Јувентус одлично го стартуваше мечот и по 17 минути поведе кога Даглас Коста беше асистент, а Алекс Сандро стрелец. Сепак, во вториот дел од средбата, Кротоне дојде до изненадувачки погодок и израмнија и тоа со фантастичен погодок на Сими со ножички во 65. минута од средбата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна, Наполи имаше големи проблеми со Удинезе, но на крајот сепак успеа да слави со 4:2. Гостите подобро го отворија мечот и поведоа во 41. минута со погодокот на Јанкт. Сепак, во судиското продолжение на првиот дел израмни Инсиње. На почетокот на второто полувреме повторно се случи ладен туш бидејќи Ингелсон погоди за ново водство на Удинезе, но само девет минути подоцна, Раул Албиол ги враќа работите на почеток. Интересно, Наполи изедначи речиси моментот кога и Кротоне изедначи против Јувентус. Израмнувањето на Кротоне како да им даде крила на Наполи кој до крајот потполно направи пресврт, а до крајот на мечот прецизни беа Милиќ и Тонели.

Кога е во прашање Лигата на шампионоите, тука се одиграа уште поинтересни дуели. Имено, играа Лацио и Рома. Рома на домашен терен славеше против Џенова со 2:1. Првиот погодок го постигна Ундер, а вториот беше автогол на Ервин Зукановиќ.

Лацио пак, имаше далеку поголеми проблеми против Фиорентина на гости. На самиорт старт беа забележани два црвени картони. Прво беше исклучен голманот на домашните во 7. минута, а седум минути подоцна црвен картон заработи и Мурги во гостинската екипа. Во тие моменти подобро се снајде Фирентина која поведе во 16. минута. Само 15 минути подоцна стреецот и на првиот погодок Веретут зголеми на 2:0. Сепак, Лацио до крајот на првиот дел успеа да изедначи бидејќи прецизни беа Алберто во 39. јкако и Касерес во 45. минута. Хет трик за домашните постигна Вертут во вториот дел кога го постигна третиот погодок, но потоа Лацио се врати и направи пресврт откако стрелаа Андерсон и Алберто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…