Дома Фудбал Англија Лоши вести за Чемберс и Арсенал

Лоши вести за Чемберс и Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Калум Чемберс поради повреда ќе мора да паузира од шест до девет месеци, соопштија денес од „Емирати“.

Дефанзивецот го повреди левото колено на натпреварот против Челзи, а Арсенал денес потврди дека операцијата е извршена успешно и дека следи повеќемесечна пауза.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ова е голем проблем за тренерот Артета, кој ќе мора да интервенира на трансфер пазарот за да ја засили одбраната.

Покрај Чемберс надвор од тимот поради повреда се уште Хектор Белерин и Мартинели, а на натпреварот против Вест Хем се повреди и Киран Тирајни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез сѐ уште сака да се натпреварува на највисоко ниво, но пону…