Дома Фудбал Англија Лоши вести за Челзи: Канте се повреди три дена пред финалето!

Лоши вести за Челзи: Канте се повреди три дена пред финалето!

Во среда во Баку ќе се игра финалето во Лига Европа помеѓу Челзи и Арсенал, а „сините“ се соочуваат со неочекувани проблеми на три дена пред најважниот меч сезонава.

Имено, еден од клучните играчи во тимот на Сари, Нголо Канте заработи повреда на синоќешниот трененинг и е неизвесен за финалето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесоа дека Канте заработил повреда на коленото, но клубот се уште нема излезено со официјални информации.

Поради тоа под знак прашалник е настапот на Французинот во финалето, а тоа без сомнеж би било голем нендикеп за тимот на Сари, бидејќи Канте е еден од клучните фудбалери во тимот.

Потсетуваме, Челзи и Арсенал ќе се борат за европски трофеј, но „топџиите“ преку освојување на турнирот сакаат да обезбедат и учество во Лигата на шампиони следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…