Дома Фудбал Англија Лоши вести за фудбалската јавност: Агуеро ИТНО префрлен во болница

Лоши вести за фудбалската јавност: Агуеро ИТНО префрлен во болница

Серхио Агуеро заврши во болница на полувремето од пријателскиот меч со Нигерија во Русија.

Штотуку стигна веста од аргентинските медиуми, на Агуеро му се слошило, паднал во несвест во соблекувалната и итно е пренесен во болница.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За среќа, итната медицинската помош брзо интервенираше, Агуеро е испратен на детални испитувања и се чекаат резултатите.

Засега нема информации за што точно се работи, ниту колку Агуеро ќе отсуствува од натпреварите.

За потсетување, тој пред помалку од два месеци исто така мораше итно да замине во болница, бидејќи доживеа сообраќајна несреќа во едно такси во Амстердам, а тогаш пукна неговото ребро.

Јасно е дека Агуеро е под голем знак прашалник за гостувањето во Лестер в сабота, но уште поважно е да биде добро, односно да не се работи за нешто страшно врзано за неговото здравје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул најде замена за Салах: Ќе трерба да плати 100 милиони евра и се зависи од еден човек!

Ливерпул веќе се подготвува за периодот без Мохамед Салах, кој потврди дека на крајот од с…