Дома Фудбал Италија Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Милан во недела го игра градското дерби со Интер, а остана без еден од најважните фудбалери.

Имено, на синоќешниот дуел со Црвена Звезда се повреди плејмејкерот Исмаел Бенасер и беше заменет со Сандро Тонали.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На денешните лекарски прегледи се покажа дека Алжирецот има мускулна повреда и ќе биде надвор од терените неколку недели.

Тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти двете дерби средби, против Интер и Рома во Серија А.

Бенасер пропушти 11 меча во декември и јануари, а сега ја обнови повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџи…