Дома Фудбал Англија Лоши вести за Ливерпул: Овој фудбалер го пропушта финалето!

Лоши вести за Ливерпул: Овој фудбалер го пропушта финалето!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џо Гомез ќе го пропушти финалето во Лигата на шампиони кое се игра на 26-ти мај против Реал Мадрид.

20-годишниот десен бек се здоби со повреда на глуждот на мечот со Челзи, па за него оваа сезона е завршена и Клоп нема да може да смета на него за најважниот натпревар во сезоната.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Џо Гомез во Ливерпул пристигна 2015 година од Чарлтон за 5 милиони евра, а оваа сезона настапи на вкупно 31 натпревар за „црвените“ во сите натпреварувања.

Во ноември минатата година Гомез дебитораше за сениорската репрезентација на Англија и до сега одигра 3 меча за „Гордиот Албион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Среќата е надвор од „Олд Трафорд“ – тоа ќе го потврдат Рашфорд, Онана, Ентони…

Некои од поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед ја најдоа среќата далеку од „Олд Траф…