Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и нема да биде на располагање за дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Голгетерот кој летово се врати од Челзи, се здобил со мускулна повреда, па утре ќе оди на дополнителни прегледи за да се знае колку долго ќе отсуствува од терените.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Со сигурност Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Кремонезе во вторник и дербито со Милан во сабота.

Во Интер се надеваат дека Лукаку ќе може да се опорави за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, кој се игра на 7 септември на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maгија на Шенѓун: Погледнете како го збесна Антетокумпо и поентираше (Видео)

Хјустон Рокетс извојуваа победа над Милвоки Бакс синоќа на гостински терен со резултат 122…