Аргентинскиот фудбалер е најплатениот играч во својот спорт во 2020. година, се наведува во текстот на магазинот Форбс.
Форбс процени дека годишната заработка на ѕвездата на Барселона изнесува 126 милиони долари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тој за 16 години во Барселона освои 34 трофеи и се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а заработил преку милијарда долари.
Втор на листата најплатени играчи е неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо со 117 милиони, додека трет е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со 96 милиони долари.
Истите играчи биле на истите позиции и во 2019. година.