Дома Фудбал Англија Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул ќе биде без дефанзивецот Жоел Матип во наредните шест недели, соопштија англиските медиуми.

Матип има проблем со коленото, што се покажа поголем од очекуваното. Тој во последните пет меча играше само во дербито со Манчестер Јунајтед, но сега повторно ќе мора да се рехабилитира.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Матип дури беше дел и од последниот тренинг на „црвените“, но после тоа почуствувал болка во коленото, па последните инфомации се дека ќе отсуствува цели шест недели.

Тоа значи дека дефанзивецот ќе пропушти цели 10 меча, вклучително и дербито со Манчестер Сити, како и сите останати дуели од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри на чекор од Милан

Милан е во потрага по нов тренер, а прв избор е Масимилиано Алегри. Италијанските медиуми …