Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по Коман

Ливерпул тргнува по Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена двојно поголема плата, а моментално заработува 8 милиони евра по сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


24-годишниот Французин не е задоволен од понудата на Баварците и големи се шансите да го напушти клубот.

„Билд“ пренесува дека таткото на Коман веќе го информирал агентот Пини Захави да работи на трансфер во Премиер лигата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул, бидејќи Коман е голема желба на тренерот Јирген Клоп, па веќе започнале преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…