Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по Кеси

Ливерпул тргнува по Кеси

Ливерпул започнал преговори со Барселона за евентуален трансфер на Франк Кеси, пренесуваат англиските медиуми.

Ливерпул откако ги ангажираа Алексис Мекалистер и Доминик Собоцлај сака да донесе уште едно засилување за средниот ред, а најново име на списокот е токму Кеси.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кеси не се снајде најдобро во Барселона и не е во плановите на Чави за следната сезона, па Каталонците сакаат да се ослободат од него.

Ливерпул може да го доведе за само 20 милиони евра, а Клоп верува дека добро ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Интерес за играчот за врска покажува и Јувентус, но Кеси преферира трансфер во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…