Дома Топ вести Ливерпул тргнува по Жоао Феликс

Ливерпул тргнува по Жоао Феликс

Ливерпул покажува сериозен интерес за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалецот има проблем да се избори за место во стартниот тим кај Симеоне оваа сезона и запиша само три настапи во Примера.

Пред две години „јорганџиите“ платија 126 милиони евра за да го донесат од Бенфика, но според информациите се спремни да го пуштат доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Јирген Клоп смета дека 21-годишниот Португалец одличо ќе се вклопи во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на неколку позиции во нападот.

Интересот кон Феликс не зависи од тоа дали Салах ќе потпише нов договор и дали ќе остане на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …