Ливерпул сака да ја засили одбраната за следната сезона, а Клоп е заинтересиран за дефанзивецот на Порто.
Ливерпул е заинтересиран за играчот на Порто, Чанкел Мбемба, кој поседбно ги импресионираше „црвените“ со својот настап против Јувентус во Лигата на шампиони.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Со оглед на фактот дека Мбемба може да биде достапен за само 15 милиони евра, Ливерпул сака да го донесе на „Енфилд“.
Мбемба порано играше за Њукасл, каде во 2015 година пристигна од Андерлехт, па има искуство со англискиот фудбал.
26-годишниот дефанзивец е репрезентативец на Конго, а Клоп во него гледа идеален наследник на Матип, кој е на излезна врата од клубот.