Ливерпул покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Островот.
21-годишниот дефанзивец игра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Ливерпул веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Камара е продукт на школата на Марсеј, а од 2016 година е во првиот тим, па привлече внимание на неколку европски гиганти.
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Клоп во него гледа идеална замена за Матип, кој може да биде продаден на лето.
Сепак, Ливерпул треба да спреми добра понуда бидејќи Марсеј нема лесно да се откаже од својата ѕвезда.