Раководството на Наполи е пред комплетирање на трансферот на голгетерот на Лил, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот Нигериец игра фантастилно оваа сезона во дресот на Лил, па го привлече вниманието на клубовите ширум Европа.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Осимен оваа сезона на 38 меча постигна 18 гола и запиша 6 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Сега во трката за африканскиот голгетер се вклучи и Ливерпул, па поради тоа Наполи се уште не го комплетирал трансферот.
Имено, „црвените“ му нудат поголема плата на Осимен, и секако можност да се бори за најважните трофеи, па со тоа сакаат да го „украдат“ пред носот на Наполи.
Неговиот агент потврди дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена.