Дома Трансфер зона Ливерпул не се откажува од младата нигериска ѕвезда

Ливерпул не се откажува од младата нигериска ѕвезда

Ливерпул не се откажува од идејата да ја донесе на „Енфилд“ младата ѕвезда на Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесуваат англиските медиуми.

20-годишниот крилен напаѓач Самуел Чуквуезе се афирмираше во еден од најценетите млади играчи во Европа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ливерпул веќе подолго време го следи Нигериецот, ова лето испрати и понуда за неговиот потпис, но не успеа да го донесе на „Енфилд“.

Чуквуезе е следен од многу европски гиганти, тој тврди дека негов идол е Арјен Робен, па се труди на теренот да го копира Холанѓанецот.

Тој во својот договор со Виљареал има откупна клазула во износ од 60 милиони евра и не би било чудо ако Ливерпул следното лето се одлучи да ја плати таа сума за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…