Дома Фудбал Англија Ливерпул на Фирмино му нуди доживотен договор и 100% поголема плата!?

Ливерпул на Фирмино му нуди доживотен договор и 100% поголема плата!?

firmino

„Црвените“ имаат големи планови…

Во Ливерпул сериозно размислуваат да стават точка на продажбата на најдобрите фудбалери. Кутињо повеќе го нема, а од неговата продажба најмногу би можел да профитира Роберто Фирмино.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, Ливерпул има намера да го награди еден од своите најдобри фудбалери. Како што дознава „Телеграф“, управата на клубот наводно е спремна да направи нешто што не го направила никогаш до сега – да му понуди договор до крајот на кариерата со 100% поголема плата!

Со овој договор Фирмино би станал недопирлив за потенцијалните купувачи, а воедно би биле отворени и некои нови страници во клупската историја.

Должината на договорот е нешто за кое се дискутира, со оглед на тоа дека „Телеграф“ пренесува дека би бил врзан до пензија, а дел од останатите медиуми пишуваат дека тој би имал важност до 2022 година, Фирмино во овој момент има само 26 години.

Од друга страна бројките не се мистерија, Ливерпул би го направил Фирмино најплатен фудбалер во клубот со плата од 220.000 евра и одредени бонуси кои дополнително би го зголемиле овој износ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…