Дома Трансфер зона Ливерпул го посакува фудбалерот на Реал, Клоп ја пронајде замената за Салах

Ливерпул го посакува фудбалерот на Реал, Клоп ја пронајде замената за Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака во зимскиот преоден рок да го ангажира играчот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Родриго, пренесуваат британските медиуми.

Родриго (22) во Реал пристигна во 2019 година од Сантос, а со мадридскиот клуб има договор до јуни 2025 година. Британските медиуми наведуваат дека обештетувањето за бразилскиот фудбалер е околу 100 милиони евра.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Родриго треба да биде замена за Мохамед Салах во Ливерпул, кој веќе во јануари следната година би можел да го напушти англискиот клуб и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Ливерпул ја одби понудата на Ал Итихад од 250 милиони евра за Салах во летниот преоден рок, но може да му дозволи на египетскиот фудбалер да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во јануари.

Клоп смета дека Родриго би бил идеална замена за Салах. Бразилецот за Реал одигра 171 натпревар и постигна 38 гола, додека за бразилската репрезентација одигра 16 натпревари и погоди четири пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ирците му фаќаат сеир на Собослаи: Им се потсмеваше имитирајќи го Роналдо, па на крајот тој плачеше!

Фудбалската репрезентација на Унгарија неочекувано остана без пласман на Светското првенст…