Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул без милост, Реал го доби дербито со Интер ?

Ливерпул без милост, Реал го доби дербито со Интер ?

Реал Мадрид и Интер одиграа возбудлив натпревар и на крајот „кралевите“ излегоа како победници. Ливерпул ја „прегази“ Аталанта, сигурни победи на Ајакс и Баерн Минхен.

Реал подобро го отвори натпреварот и дојде во предност во 25-та минута после големата грешка на Хакими кој му асистираше на Бензема.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неколку минути подоцна Серхио Рамос после еден корнер зголеми на 2:0, а Интер брзо се врати со голот на Лаутаро после прекрасната асистенција на Барела.

Во вториот дел Интер тргна поагресивно, почна да создава шанса и стигна до израмнување преку Перишиќ во 68-та минута. Потоа имаше и две убави шанси да направи комплетен пресврт, но Лаутаро и Перишиќ беа непрецизни.

Казната стигна во 80-та минута кога Родриго погоди за 3:2 и му донесе значајна победа на Реал Мадрид.

Ливерпул со високи 5:0 славеше на гостувањето кај Аталанта, а новото засилување Диого Жота постигна хет-трик.

Порто и Манчестер Сити запишаа идентинчни победи од 3:0 над Марсеј односно Олимпијакос, а Баерн Минхен беше ефикасен на гостувањето кај Салцбург и победи со 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…