Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на ПСЖ кои имаа позитивен тест на Ковид 19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои веднаш се ставени во карантин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Утре Пари Сент Жермен ќе се сретне со третолигашот ФК Ван во натпревар од турнирот во Купот на Франција, а четворицата најверојатно ќе го пропуштат и дербито со Лион.
„Меси е во постојан контакт со нашите медицински лица и ќе отпатува за Франција во првиот момент кога ќе добие негативен тест за Ковид 19. Не знаеме повеќе за него во овој момент и не знаеме кога ќе го имаме на располагање“, изјави Покетино.