Новиот спортско-технички директор на Милан, Леонардо денес ги обелодени плановите на клубот кога е трансфер позарот во прашање.
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, а во последните денови се поврзува со ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поради правилата на Финансискиот фер-плеј не можеше да донесеме топ играч за врска. Само со некакво чудо можеме да го заобиколиме ффп и да донесеме таков играч. Сергеј е мета на многу клубови, но за нас таква операција е невозможна во моментов“, изјави Леонардо.
„Што се однесува до Калиниќ неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е пред реализација. Сигурно ќе го засилиме тимот до крајот на преодниот рок, но треба да најдеме решение за играчите кои имаат мала минутажа и сакаат да си одат. Сусо сигурно останува во Милан“, прецизираше спортскиот директор на „росонерите“.
На крајот Леонардо откри дека Рикардо Кака од септември се враќа во клубот и ќе биде дел од раководството.