Дома Фудбал Англија Легендата нема трпение, жестоки критики за Емери: Што правеше шест недели!?

Легендата нема трпение, жестоки критики за Емери: Што правеше шест недели!?

emery

Поранешниот капитен на Арсенал, Тони Адамс не е задоволен.

Арсенал ја започна ерата без Арсен Венгер со пораз на домашен терен од Манчестер Сити (0:2). „Топџиите“ кои се предводени од Унаи Емери воопшто не воодушевија.
Многумина како причина за слабата игра на Арсенал ја истакнаа моќноста на Манчестер Сити, но невоиграноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму за последното зборуваше поранешниот каптен на Арсенал, Тони Адамс. Тој смета дека дека Емери ротирал премногу во припремниот период, па поради тоа сега нема спремен тим.

„Не знам што правеше во последните пет-шест недели!? Всушност, знам што правеше. Ги ротираше сите свои играчи и им даде да одиграат по еден натпревар. Имаа некои добри резултати, но тоа беа само пријателски натпревари“, изјави Адамс.

И објасни како според него тимот требало да изгледа.

„Од првата минута би одбрал голман по мерка, последна четворка и двајца пред нив. Не верувам дека добивме натпревар на гости минатата сезона. Тоа без сомневање е поради недостигот на отпорноста. Имаш шест натпревари во припремниот натпревар – воиграј го тимот! Сите ние навивачи сакаме Арсенал да ја нападне титулата, но во овој момент реалноста е дека не сме ниту блиску“, заврши Адамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…