Дома Фудбал Англија Легендата на Арсенал: Венгер ќе си замине!

Легендата на Арсенал: Венгер ќе си замине!

Легендата на Арсенал, Јан Рајт после средбата која ја имал со Арсен Венгер пред медиумите истакна дека францускиот стратег ќе си ги напушти „топџиите“ на крајот на сезоната.

„Бев со шефот синоќа и ќе бидам целосно искрен, дека останав со впечатокот дека тоа е тоа. Зборуваше дека стигнал до крајот и јас никогаш не сум го слушнал претходно да зборува така“, истакна Јан Рајт.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Самиот Венгер изјави дека не е подготвен да си замине од клубот на крајот на оваа сезона, по 20 години на чело на „топџиите“.

„Не давам никакви информации за мојата иднина. Постојат многу прашања и одговори за мене и Арсенал. Средби со луѓе од клубот. Не сум се видел само со еден човек имаше и други. Цениме дека ми треба одмор, но се уште не сум подготвен да си заминам“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Нема подобар противник од Ливерпул за мојот натпревар бр.1000

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола ќе го прослави својот натпревар бр.1000 во тре…