Дома Фудбал Англија Легендата го кажа своето: Сколс ги избра најдобрите 11 играчи на Манчестер јунајтед!

Легендата го кажа своето: Сколс ги избра најдобрите 11 играчи на Манчестер јунајтед!

Пол Сколс по завршувањето на кариерата често го критикуваше Манчестер јунајтед и им даваше совети што да прават.

Ако некој може да се пофали со одлична кариера, тогаш еден од нив е Пол Сколс, поранешниот играч на Манчестер јунајтед, кој цел живот го посвети на клубот и имаше 718 настапи за „црвените ѓаволи“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сколс реши да го избере најдобриот тим на Јунајтед во историјата, а немаше многу дилеми за тоа.

Поранешната ѕвезда на Јунајтед на голот го стави Питер Шмајхел, пред Едвин Ван дер Сар. Во одбраната се Гери Невил, Јап Стам, Рио Фердинанд и Денис Ирвин, а место немаше за Немања Видиќ и Патрис Евра. Во средината на тернеот се Дејвид Бекам, Рој Кин и Рајан Гигс, додека напред се Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој.

Инаку, Сколс со „црвените ѓаволи“ има освоено 11 титули во Премиерлигата, два трофеи во ФА Купот, како и два во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аталанта може да ја намали цената на Лукуман

Во Аталанта се подготвени да ја прегледаат побараната цена за напаѓачот Адемола Луукман, о…