Легендарниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао преживеа вистинска драма, но на крајот приказната имаше среќен крај.
Во неговиот дом во Богода имало голема драма кога дошло до истекување на плин и куќата се наполнила со штетни гасови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во тој момент, сопругата на Радамел, Лорелеј Тарон и петте деца се затруле и итно биле хоспитализирани. Во куќата до нив престојувале и неговите двајца братучеди, а ги спасила куќна помошничка која навреме реагирала и ја спасила ситуацијата.
Поради тешката ситуација, одличниот фудбалер минатиот викенд не настапи за својот Милионарис, а на навивачите им се заблагодари за поддршката и упати големо извинување.
#ATENTOS. Lorelei Tarón, esposa de Radamel Falcao, contó en una serie de historias a través de su cuenta de Instagram los momentos de angustia que vivió junto a su familia durante la mañana de este 27JUL debido a una fuga de gas en su casa. pic.twitter.com/zNeuAif8cR
— Colombia Oscura (@OscuraColombia) July 28, 2024