Дома Фудбал Легендарниот Рајан Гигс конечно ја дозна одлуката на судот!

Легендарниот Рајан Гигс конечно ја дозна одлуката на судот!

Рајан Гигс, човек кој е еден од легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, е ослободен од обвиненијата за напад што ги поднесоа неговата поранешна девојка Кејт Гревил и нејзината сестра.

Имено, одлуката е донесена денеска, а одлучено е Гигс да не е виновен по сите три точки од обвинението.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Така сета оваа приказна конечно заврши и нема да има ново судење кое требаше да започне на 31 јули во Манчестер.

Медиумите од Англија наведуваат и дека Гигс не се појавил пред судот бидејќи му било дозволено да не присуствува на судењето.

Гигс отсекогаш негирал какво било обвинување за било каков вид на психичко или физичко малтретирање на неговата девојка.

Покрај тоа, тој негирал и дека ја нападнал нејзината сестра Ема, а на крајот се што кажал испаднало вистина.

Кога се се случи и излезе во јавност, Гигс поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …