Дома Фудбал Останато Легендарниот Просинечки ќе биде тренер во Албанија

Легендарниот Просинечки ќе биде тренер во Албанија

Славниот Роберт Просинечки како што стојат работите ќе има нов тренерски ангажман.

Според најавите, Просинечки ќе биде тренер на албанскиот Партизани. Медиумите во соседната земја пренесуваат дека хрватскиот стратег наскоро ќе ја преземе екипата и ќе потпише договор на две години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На клупата, Просинечки ќе го наследи неговиот сонародник Зоран Зекиќ. Легендата на југословенскиот фудбал веќе заминал во Албанија на завршни преговори неговата промоција се очекува да се случи до крајот на неделата.

Просинечки претходно беше тренер на Црвена Звезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш. Исто така беше и селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…