Дома Фудбал Останато Легендарниот голман позитивен на корона!

Легендарниот голман позитивен на корона!

Легендарниот турски голман Речбер Рушту е хоспитализиран откако било утврдено дека е позитивен на коронавирус.

„Се беше нормално, но одеднаш почнаа брзо да развиваат симптомите на болеста. Во шок сме, ова се критични времиња. Најтешко е што не можеме да го видиме. Имајте свест и совест и почитувајте ги другите“, изјави неговата сопруга Исил.

Рушту со 120 настапи е рекордер за турската репрезентација, а во кариерата настапуваше за неколку клубови. Најголема трага остави во Фенербахче, чиј гол го бранеше цели 11 години.

Од 2003 до 2006 година беше член на Барселона, а се пензионира во Бешикташ во 2012 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов дизајн: Фотографии од новиот дрес на Јунајтед, нема да биде оној од кој навивачите се разочараа

На социјалните мрежи се проширија фотографии од домашниот дрес на Манчестер Јунајтед за сл…