Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не се откажал од својата намера да го напушти Баерн Минхен во летниот преоден рок, тврди „Скај Спорт“.
Левандовски планира да одржи последен личен разговор со новиот тренер Нико Ковач, со кој ќе ги убеди него и раководството да му дозволат трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишникот ја одби понудата во февруари за нов договор со Баерн, а го промени и својот агент со надеж дека ќе се избори за трансфер во Реал Мадрид.
Меѓутоа, Баерн не се откажува лесно од својот напаѓач и постави сума која никој клуб не е согласен да ја плати.
Левандосвки продолжува да се надева на трансфер и во наредните денови ќе има состанок со тренерот и раководството.
Покрај Реал Мадрид интерес за него покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Челзи.