Заврши првиот дел од сезоната во најсилните европски лиги, меѓутоа сега пристигна казната за Роберт Левандовски за гестот кој го направи против Осасуна.
Левандовски доби црвен картон во првото полувреме, меѓутоа додека го напушташе теренот направи еден непримерен гест кој му носи дополнителната казна. Место редовната суспензија од еден натпревар за исклучување со два жолти картони, Левадовски е суспендиран на три натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона така ќе биде без полскиот голгетер во првите три средби после Светскот опрвенство. Полјакот ќе ги пропушти дерби натпреварите против Еспањол и Атлетико Мадрид во Ла Лига, а третиот меч суспензија ќе го одработи во Копа Дел Реј.
Исто така казна доби и Пике кој е суспендиран на четири натпревари, но дефанзивецот никогаш нема да ја отслужи затоа што стави крај на кариерата.