Дома Фудбал Левандовски за заминувањето од Баерн: Ситуацијата беше тешка, им се извинувам на фановите

Левандовски за заминувањето од Баерн: Ситуацијата беше тешка, им се извинувам на фановите

Роберт Левандовски ова лето на негово инсистирање го напушти Баерн Минхен и се пресели во Барселона.

Сагата околку неговиот трансфер траеше долго, а Левандовски сега конечно проговори и им се извини на фановите на Баерн.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„За мене беше важно да нема негативни чувства за моето заминување. Ситуацијата беше тешка за сите и моравме да го најдеме најдоброто решение. На крајот на краиштата, сите ние сме луѓе, нели? По 12 години во Германија, беше јасно дека моето време овде истече. Сакав да разјаснам затоа што знаев дека не е лесно Баерн да се согласи да ме продаде. Знам дека моите зборови ги повредуваат навивачите. Ги разбирам и можам само да им се извинам. Во тој момент, сепак, важно беше категорично да ја покажам мојата желба за заминување“, изјави Левандовски.

„Баерн останува еден од најдобрите тимови во Европа. Тоа се виде и на првите натпревари од новата сезона. Не се сомневам дека без мене ќе постигнат многу голови. Сега другите момци ќе постигнат повеќе голови. Тимот е толку флексибилен и разновиден што не му треба класична „деветка“, додаде Полјакот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…