Дома Фудбал Германија Левандовски добива нов договор со астрономска плата

Левандовски добива нов договор со астрономска плата

Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека Баерн Минхен наскоро ќе му понуди нов договор на Роберт Левандовски, а ги откри и деталите од истиот.

Актуелниот договор му завршува во 2023 година, па поради тоа се појавија шпекулации дека Полјакот може да замине на лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Билд“ објави дека договорот е постигнат и наскоро Левандовски ќе стави потпис на тригодишен договор.

33-годишниот фудбалер ќе добие нов договор според кој ќе заработи 85 милиони евра со бонуси, а истиот би требало да трае до 2025 година.

Левандовски во моментов заработува 23 милиони евра, а со новиот ќе доби пет милиони евра повеќе, па така ќе биде најплатен во тимот.

Полјакот оваа сезона постигна 29 голови во Бундеслигата и води на листата со стрелци, а во Лига на шампиони има 12 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…