Дома Останати Кошарка НБА Леброн постави нов рекорд, Лејкерси стигнаа до шестата победа во низа (ВИДЕО)

Леброн постави нов рекорд, Лејкерси стигнаа до шестата победа во низа (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата ја обележи Леброн Џејмс кој ги предводеше Лејкерси до шестиот триумф во низа.

Лејкерси гостуваа кај Чикаго Булс и стигнаа до победа со резултат 112:118 и тоа после голем пресврт. Булси после две четвртини игра имаа предност од +19 (65:46), но на крајот мораа да му честитаат на својот противик.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џејмс го заврши натпреварот со 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции и тоа беше доволно за нов рекорд. Искусниот 35 годишен кошаркар стана најстариот играч кој на три натпревари во низа остварил трипл-дабл.

Интересно беше и во натпреварот помеѓу Шарлот и Индијана каде што домаќините славеа после продолженија со резултат 122:120. Своја ноќ имаше Девонт Грахам кој постигна 35 поени.

Денвер на свој терен беше подобар од Мајами со 109:89. Домаќинот беше предводен од Џамал Мареј со 21 поен, пет скока и четири асистенции. Балканците во овој натпревар, Никола Јокиќ и Горан Драгиќ на спротивната страна имаа сличен учинок. Јокиќ на тпреварот го заврши со девет поени, пет скока и пет асистенции. Словенецот пак исто така уфрли девет поени и додаде, еден скок и седум асистенции.

НБА резултати:

Чикаго – Лејкерси 112:118

Денвер – Мајами 109:89

Оклахома – Орландо 102:94

Атланта – Сан Антонио 108:100

Кливленд – Бостон 113:119

Шарлот – Индијана 122:120 (после продолженија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…