Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси во дербито на вечерта во НБА лигата го победија Хјустон во Тексас со резултат 124:115.
Екипата од Калифорнија е прва на Западот со учинок од 34:8 додека „Ракетите“ го запишаа третиот пораз во низа и со скор од 26:15 се на шестата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хјустон беше нешто подобар ривал во првото полувреме и имаше најмногу 10 поени вишок, но се се промени во третата четвртина. Лејкерси заиграа многу подобро во одбраната и во финишот на тој дел за прв пат стигнаа до двоцифрена разлика. Гостите предводени од Леброн во последната четвртина констатно имаа убедливо водство кое максимално изнесуваше плус 16.
Џејмс беше најефикасен со 31 поен, 5 скокови и 12 асистенции. Кајл Кузма го следеше со 23 поени, додека Дени Грин и Колдвел-Поп имаа по 20 поени. Кај домаќините Вестбрук постигна 35 поени со 9 скокови и 7 асистенции, а Џејмс Харден имаше поен помалку, 6 скокови и 7 асистенции.