Лос Анџелес Лејкерси беше поразен од Минесота со 120:124 и тоа им беше петти пораз во седмиот натпревар.
Поради ваквата ситуација Леброн изгледа го губи трпението.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Подобро да не сте ми во близина кога ќе го изгубам трпение“, беснеел Леброн на соиграчите после петтиот пораз во седум натпревари.
Лејкерси во понеделникот изгубија 120:124 од Минесота, а Леброн е се подалеку од целта за која стигна во „градот на анѓелите“.
Иако знаеше дека го напушта искусниот тим на Кливленд поради младата екипа на Лејкерси, изгледа дека Џејмс сега не е баш среќен од изборот кој го направил.
„Не можам секогаш да повторувам исти работи. Ако секогаш правиме исто, секогаш губиме, тоа е лудост. Мораме подобро, не смееме да ги повторуваме истите грешки. Не би сакале да бидате во моја близина кога ќе го изгубам трпението. Сериозен сум“, им се обратил Леброн на соиграчите.