Дома Фудбал Ла Лига започнува на 20. јуни, ќе се игра четири дена во неделата

Ла Лига започнува на 20. јуни, ќе се игра четири дена во неделата

Првенството во Шпанија ќе продолжи во јуни, иако се уште се чека официјална потврда.

Според тврдењето на тренерот на Леганес, Хавиер Агире, Ла Лига ќе започне на 20. јуни и ќе трае до 26. јули.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој исто така истакна дека натпреварите ќе се играат во среда, четврток, сабота и недела. Датумите предвидени за натпревари во средината на неделата можат да бидат проблем за клубовите кои играат во Европа, но веројатно во Ла Лига имаат решение и за тоа.

Во Ла Лига до крајот останаа уште 11 кола, а Барса е лидер со 58 бода, додека Реал Мадрид има два бода помалку.

Иако Шпанија е меѓу најпогодените земји од Ковид-19 во светот, тамошната фудбалска Влада прави се за сезоната да се одигра до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе ќе има посебен медицински третман – откриени се деталите

Килијан Мбапе сè уште ќе биде подложен на посебен медицински третман и нема веднаш целосно…